Само 697 нашинци во странство се попишале од вчера до денеска

 

 

Според податоците кои утрово ги објави Државниот завод за статистика до утрово, заклучно со 8 часот во странство се самопопишале 178.572 лица, што е само за 697 лица повеќе во однос на вчерашниот ден.

Малиот број на самопопишани лица во последниве 24 часа веројатно се должи на неинформираност во дијаспората дека пописот е во тек.

Според Законот за попис, кој се уште е во сила, попишувањето на дијаспората започна на 1 март и е предвидено да трае до 21 април.

Според политичкиот договор на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ пописот на населението во земјава ќе се одложи за септември, но е договорено исто така пописот во дијаспората непрекинато да трае до крајот на пописот предвиден од 5 до 30 септември. Законското решение за одложување на пописот се наоѓа во Собранието и се уште не е донесено.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира