Премиерот Зоран Заев по повод одбележувањето на 72 години од основањето на НАТО порача дека претставува успех тоа што Македонија е една од 30-те членки на НАТО алијансата.
„НАТО денеска одбележува 72 години.
Национална гордост и успех е што Северна Македонија е една од 30-те членки на НАТО семејството.
Денес членството во најмоќниот сојуз на светот – НАТО е израз на нашата натпартиска, широка, мнозинска, национална, мултиетничка и државничка одлука за тоа дека патот напред е патот на демократијата, сигурноста и безбедноста, патот кон развој и добробит за сите наши граѓани.
За уште долги години заеднички успеси! Ние сме НАТО“, напиша Заев.