Aмбасадорот на Русија во земјава, Сергеј Баздникин, не го знае датум кога ќе пристигнат останатите вакцини „Спутник В“ кој ги нарача Владата, но е убеден дека договорот за испорака ќе биде испочитуван.
„До денес испорачани се 6 000 дози, 3 000 од секоја компонента. Во моментов се работи за испораката на останатите количини на препаратот. Сакам да ви кажам дека руската страна доследно ќе ги исполнува своите обврски од договорот и да обезбеди испорака на вакцините, во вашата земја“, рече Баздникин.