Филипче: Намален е бројот на хоспитализации, но вирусот е непредвидлив и подмолен

 

 

Министерот за здравство, Венко Филипче утрово на редовна координација со директорите на Клиниките, ковид центрите во Скопје. Заклучокот е дека се намалил бројот на хоспитализирани пациенти во болниците, но и дека мораме да останеме претпазливи бидејќи вирусот е непредвидлив и подмолен.

„Деновиве е намален бројот на хоспитализации во болниците, но подготвени се  дополнителни капацитети во болниците како во Скопје така и низ државата. Справувањето со овој трет бран кој е многу силен е исклучително тешко, не само кај нас туку насекаде во Европа. Според епидемиолошките анализи, РО факторот е паднат под 1 и се надеваме дека ќе остане така. Остануваме претпазливи, вирусот е непредвидлив и подмолен“, стои во објавата на Филипче на Фејсбук.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци