Незадоволни до актуелната ситуација во државава во однос на работничките права, КСС најавува предупредувачки штрај пред Влада на 15 април.
Претседателот на КСС Благоја Ралповски на денешната прес-конференција рече дека македонскиот работник е осиромашен и не може да ја преживее кризата, се отпуштаат работници и се принудуваат да потпишуваат спогодбено договори за отказ.
Според Ралповски, апсурдно е да се зборува за зголемување на минималната плата од 1,7 проценти кога инфлацијата во март е 2 проценти. Досега околу 60.000 работници ја имаат загубено работата, а нови отпуштања се очекуваат во угостителскиот сектор, кој е најпогоден од новите мерки.
116