Американската разузнавачка агенција ЦИА објави стотици илјади документи конфискувани за време на убиството на поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен.
Податоците од личниот компјутер на Осама Бин Ладен и натаму ја интригираат светската јавност. Пописот на видеата е дел од датотеката која вчера ја објави ЦИА од вкупно 470.000 документи од компјутерот запленет на 2 мај 2011 во рацијата на засолништето на Бин Ладен во Аботабад во Пакистан. Во неговиот компјутер биле пронајдени видеа, како и анимирани, холивудски, порнографски филмови и три документарни филмови за самиот него.
„Објавувањето на писмата, аудио и видео снимките на Ал Каеда, ни дава увид за плановите на таа терористичка организација“, изјави директорот на ЦИА, Мајк Попмео.
Покрај неколку видеа на кои се гледа убивање на затвореници, бин Ладен на компјутерот имал видеа од познатиот цртан Том и Џери, како и туторијали за плетење, но и смешно видео кое стана вирален хит, а станува збор за видеото „Charlie bit my finger.“
Останатата содржина вклучува 18 илјади документи, 79 илјади аудио снимки и фотографии и над 10 илјади видео клипови.
Освен филмовите, американските разузнавачи на компјутерот пронашле и видео на кое што бил забележан секојдневниот живот на семејството на Бин Ладен. На снимката можат да се видат неговите деца кои што уживаат во слободата, додека нивниот татко во тие моменти е најбараниот терорист на светот.
На видата може да се види и постар човек кој на неговите внуци им покажува како се пука со помош на детска пластична пушка. Следната сцена ги прикажува внуките на Осама Бин Ладен како се спуштаат низ тобоган.
На второто видео е прикажан „омилениот син“ на Осама, Хамза Бин Ладен, а тоа се неговите први снимки откако порасна.
Ова е четвртата објава по рацијата во засилништето на Бин Ладен во Пакистан.