Полицијата утрина го приведе Драги Рашковски, доскорешен секретар во премиерскиот кабинет и екс генерален секретар на Владата. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донело наредба за истрага во случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци што не го користи ниедна институција. Приведен е и сопственикот и управител на фирмата што ја доби спорната набавка „Инвока гроуп“, Даниел Станчев.
Се очекува Рашковски и Станчев да бидат изведени пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд – Скопје.Со наредбата за истрага се опфатени вкупно четири лица. За другите двајца обвинителството предлага други мерки на обезбедување.
Рашковски во средата објави дека се повлекува од функцијата во кабинетот на премиерот Зоран Заев, а оставката ја напишал два дена порано.Според неофицијални информации, се бара притвор за Рашковски.