Времето денес доцна попладне почнувајќи од југозапад ќе биде врнежливо, а на планините во западните делови ќе врне снег. Врнежите ќе се задржат и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој попладне во јужните делови ќе се промени во источен и југоисточен. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.
Под влијание на циклонска активност во јужните делови од Балканскиот Полуостров, од денес попладне до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер (локално над 15л/м2 за 24 часа).
На планините врнежите повремено ќе бидат од снег, особено утре и во понеделник.