Рашковски целиот имот го префрлил на своите малолетни деца

Facebook
Twitter
Email
Print


Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски целиот свој имот го префрлил на име на неговите малолетните деца, дознава Алсат.

Имено, во период од 17-ти декември лани до 21-ви јануари годинава, Рашковски својот имот им го префрлил на своите малолетни деца така што на име на неговите деца се водат стан во Скопје од 65 квадратни метри, и земјиште од 11 илјади квадратни метри во скопската викенд населба Побожје во подножјето на Скопска Црна Гора, каде семејството Рашковски треба да гради хациенда од 800 квадратни метри.

Претходно, судот на Рашковски му определи мерка куќен притвор, бидејќи немал имот на лично име, иако обвинителството меѓу другото стравува дека тој може и да влијае на сведоци.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи