Од утре двонеделен карантин за сите кои Македонија ќе влезат во Албанија


Комитетот на експерти за справување со пандемијата на Албанија од утре воведе двонеделнен карантин за сите кои влегуваат на нејзина територија од Македонија и од Грција.

Несомнено, ефектот од масовната вакцинација во нашата земја почна да се чувствува. Но она што се забележува во регионот е поразличната ситуацијата од нашата земја, кај нашите соседи. Во Северна Македонија и Грција е зголемен бројот на случаи, но и бројот на изгубени животи, а тоа може да се види на презентираните графикони. Предизвик на нашиот комитет е да ги подобри индикаторите, рече Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик министерка за здравство.

Ракацоли додаде дека велигденските празници во Албанија ќе донесат многу лица и емигранти од други земји, а имајќи во предвид дека минатата година по овој празник бројот на ново заразени забележал голем раст, како и зголемен број смртни случаи, комитетот ја донесол оваа одлука.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи