Финансиска помош за околу 10.000 компании и 60.000 вработени со шестиот пакет мерки


Владата го презентираше шестиот пакет антикризни мерки, проектиран на 17,8 милиони евра. Станува збор за таргетирана финансиска помош што ќе ја добијат околу 10.000 компании и 60.000 вработени.

„Ставаме на располагање 17,8 милиони евра, таргетирана финансиска поддршка за 12 категории на економски дејности, 17,8 милиони евра со кои ќе се поддржат близу 10.000 компании и околу 60.000 вработени, наши сограѓани. Од самиот почеток на кризата Владата носи сеопфатни мерки на секои три до четири месеци, во консултација со сите засегнати страни, како и со меѓународните финансиски институции со цел задржување на ликвидноста на компаниите и на работните места“, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, образложувајќи го шестиот пакет.

Со шестиот пакет се опфатени 12 категории дејности меѓу кои: угостителските објекти кои не работат поради рестриктивните мерки, ноќните клубови, рестораните за свадби, ивент индустријата, фитнес центрите, фотостудијата и приватните детски одмаралишта. Мерки има и за туристичките агенции, како и за медиумите, а планирани се и бесплатни 50.000 ПЦР тестови за странските туристи кои ќе престојуваат во земјава.

„На сите угостителите ќе им бидат покриени 30 проценти од приходите, износ кој ќе се пресметува како просек од просечниот месечен приход во 2019 и 2020 година, на кој ќе се аплицираат деновите во кои овие дејности беа затворени. Дополнително, сите регистрирани угостителски објекти ќе добијат 15.200 денари финансиска поддршка по вработен, заклучно со 06.04.2021 година“, додава премиерот Заев во објавата на фејсбук-профилот.

Туристичките агенции ќе бидат поддржани со 1,4 милиони евра. Туристичките агенции со А лиценца ќе добијат до 5.000 евра, а туристичките агенции со Б лиценца ќе добијат до 2.000 евра. Финансиска поддршка од 30.750 денари ќе добијат и сите музичари, членови на здруженијата на музичари како и лиценцираните туристички водичи, кои во текот на 2020 година имале просечен месечен нето приход под 15.000 денари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи