Барањето за финансиска поддршка за исплата на плати на работниците за февруари и март 2021 година „образец БФП-ИП/3“ е поставено на платформата на УЈП е-даноци (https://etax-fl.ujp.gov.mk/), информираат од Управата за јавни приходи.
Со тоа почнува аплицирањето за платите за февруари и март, а според директорката на УЈП, Сања Лукаревска, за двата месеца барањата ќе се поднесуваат одделно.
Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-даноци најдоцна до 30 април 2021, а комплетноста на барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од три дена од денот на доставувањето на барањето, посочуваат од УЈП.