Министерот за здравство Венко Филипче оцени дека мерките кои сега се на сила даваат резултати и дека е намален бројот на позитивни случаи, но исто така нагласи дека во овој период мора да бидеме исклучително внимателни.
„Следната недела ќе одлучиме дали ќе има полициски час и рестриктивни мерки за време на претстојните верски празници“, рече Филипче, во вчерашното гостување на „Сител“.
Тој рече дека тоа ќе зависи од бројот на нови случаи и притисокот за прием на пациенти кон болниците во следниот период.