Во вечерашното гостување на Сител, министерот за здравство Венко Филипче изјави дека кај нас засега нема да се дава „АстраЗенека“ за лица помлади од 60 години.
Лицата помлади од 60 години кои се вакцинирале во Србија се чека одговор од институциите дали може да примат ревакцина од друга вакцина. Доколку имаат волја да се вакцинираат со „АстраЗенека“, тоа можат да го направат повторно во Србија.
„За сега кај нас нема да ја даваме вакцината на „АстраЗенека“ на лица помлади од 60 години, има мала бројка на тромботични ситуации кои се предизвикани особено кај помлади лица. За оние лица помлади од 60 години кои примиле „АстраЗенека“ во Србија, чекаме одговор од валидните институции дали истите може да примат ревакцина од друга вакцина. Тромботичните ситауции се ретки но ние одлучивме да бидеме внимателни. Доколку граѓаните сакаат да се ревакцинираат со „АстраЗенека“ може да отидат во Србија, но ќе повторам не препорачуваме вакцинирање со „АстраЗенека“ на лица помлади од 60 години“, рече Филипче.