Државниот завод за статистика ги објави податоците за февруари за просечна плата во земјава. Според тоа, просечната плата за февруари во земјава изнесува 27 948 денари, а многу граѓани се запрашаа кои се професиите кои го креваат просекот, бидејки повеќето едвај егзистираат.
Програмерите се уште се на врвот, со просечна плата од над 70 илјади денари.
Кој е на дното? Иако многумина сметаат дека текстилците би биле на дното на табелата, сепак има работници што се помалку платени и од нив.
Најмала просечна плата со 15.830 денари се работниците под ставката заштита и истражни дејности.
Работниците од кожарската индустрија се исто така меѓу најслабо платени со просечна плата од 16 581 денар.
Туристичките агенции бележат просечна плата од 16 818 денари.
И на четврата позиција на дното со најмала просечна плата се текстилците со 17 652 денари.