Дневниот весник The New York Times ја рангираше Македонија на дното според бројот вакцинирани лица на 100 жители. Македонија се наоѓа на трето место одназад, односно полоши од нас се само Косово и Босна и Херцеговина.
Велика Британија, која ја одобри првата доза на вакцина против коронавирус на 2 декември води во имунизација на својот народ. И Србија и Унгарија се исто така на врвот на оваа листа. Двете земји купија вакцини од Русија и Кина.
Велика Британија целосно вакцинираше 23,7 % од населението (што значи дека ги примиле двете дози), Малта вакцинираше 24,1 % од населението, Србија вакцинираше 20,8 % од населението, додека Унгарија вакцинираше 21,1 % од населението.
Другите земји целосно вакцинирале околу 11 % од населението или помалку: Турција – 11,9, Данска – 11,7, Швајцарија – 11,1, додека Франција, Германија, Белгија, Шведска и други земји вакцинирале помалку од 10 %од населението.