Ивановска: Се именуваат директори без положен испит, нема отчетност


Корупцијата е се уште на високо ниво во земјава, а загрижува и повеќекратното именување вршители на должност, изјави на денешната прес конференција претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Државната комисија за спречување корупција констатира дека именувањето в.д. директори се врши неколкупати по ред без да се распише конкурс и се врши разрешување или отповикување директори пред истекот на мандатот.

,,Загрижувачки е повеќекратното именување на вршители на должност. Именувањето на в.д. директори се донесуваат во континуитет. Се именуваат директори без положен испит онаму кај што треба, Нема отчетност, изборот и разрешувањето се врзува со политичка гарнитура. Отсуство на почитување на материјалните закони”, истакна претседателката на ДКСК.

Ивановска повика итно да се донесе законот за висока раководна служба, кој беше повлечен од собраниска процедура, со кој треба да се воведе посебна комисија која ќе ги селектира тројцата најдобри кандидати за директори на јавните институции, со дискреционо право на министерот да го избере директорот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи