Почнувајќи од утре (сабота, 8 мај), на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид поставен е пункт за КОВИД-19 тестирање на клиниката Жан Митрев, кој се наоѓа во непосредна близина на влезот на терминалната зграда. Пунктот за КОВИД-19 тестирање на Лабораторијата на Жан Митрев, ќе работи на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид секој ден кога ќе има летови до земјите кои бараат негативен брз антигенски тест, 4 часа пред времето на поаѓање до секоја од дестинациите.
За повеќе детали во врска со тестовите, ве молиме контактирајте ја лабораторијата Жан Митрев, на телефонскиот број +389 2 3091484 или посетете ја нивната веб-страница на следниот линк: https://zmc.mk/en/services/microbiological-laboratory/, додека пак за повеќе информации во врска со тестовите што ги прифаќаат земјите од ЕУ/Шенген, ве молиме контактирајте ја Амбасадата на земјата на вашето пристигнување.
Доколку патниците решат да направат антигенски тест на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, а со цел да се избегне гужва и групирање пред терминалната зграда на аеродромот, апелираме патниците да пристигнат на аеродромот најмалку 4 часа пред времето на поаѓање.