Малолетен велосипедист е тешко повреден откако во него удрил автомобил, а возачот избегал.
Според информациите на МВР, несреќата се случила на 07.05. во 18.45 часот на бул.„Гоце Делчев“ кога неидентификуван возач со патничко возило удрил во велосипед управуван од малолетник од Прилеп и избегал.
Малолетникот со тешки телесни повреди бил пренесен во Градска болница Прилеп.
„Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на расчистување на случајот“, соопшти МВР.