Дваесет и шест годишната Е.К. од Прилеп утринава околу 5.50 часот била пронајдена мртва во својот дом. Нејзината фамилија веднаш ја известила полицијата и била повиката екипа на итна медицинска помош, но за жал лекарот само ја констатирал смртта.
На лице место бил повикан и јавен обвинител. Според јавниот обвинител Ристо Шошески, за да се утврдат точните причини за смртта на Е.К. обвинителството побарало да се изврши обдукција врз телото на починатата. Обдукцијата ќе била извршена утре.