Кога ресурсите се ограничени на извидничката креативност и нема крај


Ние извидниците на нашите смотри и кампови кои најчесто се одвиваат во природа, успеваме да ја докажеме својата креативност на најразлични начини. Кога нашата креативност, нашите вештини и она што ни го нуди природата ќе се сплотат, тогаш добиваме нешто прекрасно. Кога кампуваме на некое место далеку од модерниот свет многу од нештата на кои сме навикнати да ги гледаме секојдневно ги нема, па затоа нашите извидници смислуваат најразлични начини како да си го олеснат својот престој во природа.

Со помош на некои основни алатки и материјалите кои се наоѓаат околу нас, ние успеваме да реализираме доста интересни проекти кои се направени од природни материјали како камен, дрво и сл. Некои од нив ги правиме за да си го олесниме нашиот престој како на пример огниште, сушалка за алишта, масичка и слично, а некои ги правиме едноставно за забава и за исполнување на нашиот натпреварувачки дух. Кога ресурсите се ограничени, на нашата креативност и нема крај.

Владимир Јорданоски – водач во Извиднички одред „Феникс“ – Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи