Денеска премиерот Зоран Заев како одговор на новинарско прашање околу интеграцијата на Македонија во ЕУ, потенцираше дека Европа многу ни должи.
„Јас едно ќе кажам, Европа е кабаетлија и ни должи. Ни должи многу. Европа е и Бугарија и Грција и сите други членки. 16 и пол години направивме како чекаме пред вратите на ЕУ. 2001 година, веднаш по Словенија потпишавме договор за стабилизација и асоцијација. Пред Хрватска. А, Хрватска слави 8 години членство во ЕУ. Што и да е, многу е. Испорачавме сѐ, нема дилеми и навистина заслужуваме. Јас ја испраќам пораката за замолница за поддршка од Бугарија кон Северна Македонија“, рече Заев.