Студија на Светска банка: Над 1000 луѓе годишно умираат како резултат на загаден воздух во Македонија


Во зима, Скопје, главниот град на Македонија, е еден од најзагадените градови во Европа, објави „ЕuroNews“.

Според проценките на Студијата на Светска банка, над 1.000 луѓе годишно умираат како резултат на загадувањето на воздухот во  Македонија и нејзиното население од само 2 милиони жители. Здравствената мрежа на Југоисточна Европа е регионална организација лоцирана во Скопје. Тоа го охрабрува здравјето и благосостојбата меѓу земјите-членки и работи активно во областа поради алармантната состојба.

Мира Јовановски Дашиќ, директор на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа вели дека извештајот направен од експерти од нејзините земји-членки покажува дека „било јасно дека штетата од загадувањето на воздухот врз здравјето е исклучително голема, а последиците може да се видат преку срцеви заболувања, алергии и карциноми“.

Неколку истражувања покажаа дека некои потрошувачи на енергија од големи размери користат гориво забрането за употреба според европските регулативи. Но, бидејќи Македонија се обидува да стане членка на ЕУ, прилагоди голем дел од законодавството за да одговара на нормите на ЕУ. Сега, јавноста и нејзините претставници сакаат да знаат како ова усогласување на законодавството навистина ќе влијае на нив.

Конверзијата на словото на законот во реалност е една од најголемите системски слабости на земјите во транзиција, како Македонија. Европската комисија ја забележува оваа хронична слабост во сите свои извештаи за напредокот. Засега, граѓаните сè уште чекаат владата да ги спроведе препораките на ЕК кои најверојатно ќе им дадат на жителите во Mакедонија здив на свеж воздух.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи