18 месеци затвор за Грујевски

Facebook
Twitter
Email
Print

Една и пол година затвор за поранешниот началник на УБК, Горан Грујевски за незаконско уништување на документацијата за нелегалното прислушување за случајот „Тврдина 2“, пресуди денеска судијката Лидија Петровска од Кривичниот суд.

 

Судијката нагласи дека казната која му ја изрекла на Грујевски се движи во горните граници на законот за утврдување вина за вајков тип на кривично дело.

 

Станува збор за првата пресуда изречена по поднесено обвинение на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

 

Шесте службенички од УБК кои исто така беа обвинети за случајот, добија 1 година условни казни, како што бараше СЈО, од кои 5 нема да ги одлежат ако во наредните три години не го повторат делото, а една од обвинетите доби условна казна од девет месеци затвор, која нема да се изврши ако не го повтори делото во наредните две години. Таа доби пониска казна, затоа што соработувала за утврдување на вистината.

 

Судијката рече дека како отежителни околности ги земала предвид опасноста од извршување на ваков вид кривични дела како и исказот на една од службеничките која рече дека Грујевски кој бил претпоставен, не ѝ дал можност да избира во донесување на одлуката за уништување на документите

 

Горан Грујевски е осуден во отсуство. Тој се наоѓа во екстрадициски притвор во Грција, каде што беше уапсен со фалсификуван бугарски пасош. Прво во Солун ќе му се суди за лажните бугарски пасоши, а потоа ќе се одлучува за негова екстрадиција која македонските надлежни органи веќе ја побараа.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи