Катар првпат во својата историја именуваше жени во Советодавниот совет. Со указ на емирот Шеик Хамад бин Калифа ал Тани, вкупно четири жени ќе заседаваат во Советот од 45 членови, кој претставува своевиден парламент и е задолжен за расправа околу плановите за закони, за општа политика на владата и државниот буџет, објавено е во кралското решение.
„Емирот на Катар, шеикот Тамим бен Хамад ал-Тани објави решение со кое го обновува мандатот на некои членови на Советот Шура и именува 28 нови членови, меѓу кои се и жени, првпат во историјата на Советот“, се наведува во соопштението на официјалната агенција КНА.
Потегот доаѓа во време кога Катар е соочен со дипломатско и трговско ембарго од страна на Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин.
Во 2015 година две жени станаа застапнички и се наоѓаат меѓу 29 членови на Советот на регионите.
Промени се случуваат и во соседна Саудиска Арабија, каде што паралелно со апсењето на десетици принцови и поранешни и сегашни министри од страна на принцот Мухамед бин Салман, беше донесен декрет со кој се укинува забраната за жените да возат.