Избрани новите комисии кои ќе работат во состав на Советот на Општина Прилеп

Денеска во Општина Прилеп се одржа третата седница на Советот на Општина Прилеп, на која што беа избрани и формирани постојаните и привремени работни тела и комисии. Според претседателот на Советот на Општина Прилеп, Миле Талевски, ова било за прв пат во поновата историја на градот овие тела да бидат едногласно избрани од позицијата и опозицијата.

 

„Денеска се одржа третата седница на Советот на Општина Прилеп на која што на дневен ред беше формирање на постојаните и привремени работни тела и комисии во состав на Советот на Општина Прилеп. За прв пат во поновата историја се случи едногласно да бидат избрани комисиите. Тоа посебно ме радува дека почнуваме да имаме една одлична соработка и дека Советот конечно комплетно се формира. Со оглед на тоа дека до Советот, односно до комисиите се стигнати голем број на предлози и барања на граѓаните, комисиите веднаш од понеделник започнуваат со разгледување на тие барања и предлози и да започнеме со решавање на проблемите на граѓаните во најбрз можен рок. Друга точка беше констатирање на оставка на член на Совет на Општина Прилеп и верификација на нов член на Советот од коалицијата предводена од СДСМ“, истакна Миле Талевски, претседател на Совет на Општина Прилеп.

 

Овие беа точки по денеска се дискутираше :

1. Предлог-Решение за формирање Комисија за финансирање, буџет и локален економски развој.

2. Предлог-Решение за формирање Комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина.

3. Предлог-Решение за формирање Комисија за општествени дејности и правата на децата.

4. Предлог-Решение за формирање Комисија за статут и прописи.

5. Предлог-Решение за формирање Комисија за елементарни непогоди.

6. Предлог-Решение за формирање Комисија за месна самоуправа.

7. Предлог-Решение за формирање Комисијата за родова еднаквост.

8. Предлог-Решение за именување членови на Советот кои учествуваат при склучувањето на бракови во Прилеп и МК Плетвар, МК Тројаци и МК Старо Лагово.

 

Потоа :

1. Предлог-Решение за именување членови на Советот кои учествуваат при склучувањето на бракови во МК Витолиште, МК Дуње, МК Тополчани и МК Канатларци.

2. Предлог-Решение за именување членови на Советот кои учествуваат при склучувањето на бракови во МК Мало Коњари.

3. Предлог-Решение за формирање Комисија за изработка на Програма за работа на Советот на Општина Прилеп за мандат 2017-2021 година.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи