Најавени нови 500 вработувања во „Гентерм“ за идната година

Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, оствари работна средба со генералниот менаџер на компанијат „Гентерм“, Андреј Хасинец, на која беше разговарано околу моменталната состојба на фирмата и нејзините идни планови.

 

Градоначалникот Јованоски потенцираше дека Општина Прилеп во идина ќе даде максимална поддршка за сите идни развојни планови на компанијата.

 

Во „Гентерм“ во моментов работат 1.270 вработени, поголем дел од нив се жени.

 

Компанијата планира до крајот на 2018 година да вработи нови 500 лица. До крајот на 2020 и почеток на 2021 година менаџментот планира бројот на вработени во „Гентерм“ да достигне речиси до 2.300 вработени.

 

Објектот во кој се работи моментално се простира на површина од 10.000 м2, а во перспектива е планирано изградба на нови хали, со што капацитетот на фабриката ќе се зголеми на 22.000 м2.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи