ВИДЕО – Се коцкам со животот, дали ќе се разбудам жив или мртов-дали куќата ќе се урне врз мене или соседите?


Повеќе 10 години буквално секој ден живее во страв дека куќата ќе му се урне врз него и дека ќе загине. 60 годишниот жител на прилепското село Селце, Милан Ристески, живее во буквално распадната куќа, изградена од плитари, која започнала да се урива пред една деценија од тогаш секој ден ситуацијата е се полоша и полоша.

„Во животна опасност сум, куќата секој ден може да падне. Стравот е голем, штом ќе легнам мислам дали ќе ме отепа мене или ќе падне врз комшиите. Оваа куќа е изградена целата од плитари, страшно е ако фати некое поголемо невреме секој момент може да се урне“, вели Милан Ритески, жител на с. Селце.

Последен пат еден од ѕидовите паднал вчера во дворот на соседите само неколку минути пред тие да поминат од тука и да заминат на нива. Куќата е опасност за целата околина.

„Кога се враќавме целото беше паднато, другиот дел од куќата во секој момент е ризичен и ни е страв да помонуваме. Да се поводи сметка, некоја машинерија да дојди што е можно побрзо, ако не друго да се урне оваа куќа, па на соседот да му се направи нешто“, рече Славица Стојаноска, сосед на Ристески.

 „И ноќеска со страв спијав, и денеска со страв, да мрднам неможам никаде, ми е страв да излезам, во секој момент може да падни“, додаде Ордан Стојаноски, сосед на Ристески.

Ристески живее само со социјална помош од 7.000 денари. Не е работоспособен поради повеќе болести. Вели дека кога врне во куќата постојано течи вода и тој тогаш се крие во помошната просторија каде ги чува дрвата. За живеење има приспособено една соба која и таа во секој момент може да се распадне.

„Многу лошо живеам, многу. Тука се кријам под стреата кога ќе врни, во салонот сум седел, сум бегал да се скријам во козарникот, порано таму чувавме кози кога беа живи татко ми и мајка ми. И сега нема каде да одам“, додаде Милан Ритески, жител на с. Селце.

Ристески очајно моли за помош од добронамерни луѓе и компании да се урне или санира старата куќа и да добие мал, но пристоен нов дом за живот. Вели дека живеејќи тука секој еден се коцка со својот живот, дали ќе се разбуди жив или мртов.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи