По вчерашната средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, премиерот и лидер на СДСМ, Заев на Фејсбук објави дека се договориле двете партии да соработуваат на есенските локални избори.
„Имав одличен состанок со коалицискиот партнер и претседател на ДУИ, Али Ахмети. Се договоривме дека СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на претстојните локални избори“, напиша Заев на социјалните мрежи веднаш по средбата со Ахмети.
Како што вели лидерот на СДСМ, заедничка е целта во предизборната коалиција да се вклучат што е можно повеќе партии од владината коалиција.
„Меѓусебната поддршка во некои општини ќе си ја дадеме уште во првиот круг на изборите, а во други општини ќе се поддржиме во вториот круг. Согласни сме дека институциите имаат и обврска и капацитет да испорачаат целосно демократски, професионални и фер локални избори“, вели Заев.