„When in Krusevo“- и ова лето многу забава, адреналин, бројни атракции и спортски активности за сите вкусови


Наш гостин во ова издание на Инфо Регион е Димитар Ангелкоски, еден од организаторите на аутдор фестивалот „When in Krusevo“, кој годинава одбележува мал јубилеј, 5 години од своето постоење.

Фестивалот ќе трае 3 дена, од 6 до 8 август. Како и изминатите години и оваа година се предвидени планинарски и велосипедски тури, кампинг, летање со  параглајдер, кајак на крушевското езеро, јавање со коњи низ крушевската корија….

Освен овој спортско-рекреативен дел секако тука неизоставна е и богата музичка програма на фестивалот. Во петокот на 6 август публиката ќе ја забавуваат The Hounds и DJ Babura Junior. А додека во саботата на 7 август на платото на Гумење ќе настапат Камерниот оркестар од Битола – Rock Symphony, Дани Димитровска и DJ Галовски.

Но ова нема да биде се! Кои се други новини ќе ги донесе ова издание на „When in Krusevo“ и нешто повеќе околу настанувањето на оваа манифестација и кои се нејзините цели погледнете во интервјуто.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира