Отворен спектакуларниот музеј „Лувр“ во Абу Даби

Facebook
Twitter
Email
Print

Еден од најзначајните настани оваа година во архитектонскиот свет е отворањето на „Лувр“ во Абу Даби. Бројни посетители од целиот свет вчера присуствуваа на спектакуларното отворањето на музејот со огномети, проекции и возбудлива програма.

 

Модерната зграда на луксузниот Лувр во Абу Даби беше дизајнирана од Жан Новел, кој стои зад најважните културни знаменитости во Париз. Неговата идеја за градски музеј претставува огромна сребрена купола со метални ѕвезди кои ги гледаат тиркизните води на Арапското Море.

 

Величествениот простор содржи 23 постојани галерии, во кои ќе бидат сместени збирки на музејот, како и “патување” до францускиот музеј. Здружението на француски музеи ќе го надгледува францускиот дел од обврските кон музејот со експертиза и заем на 300 дела од 13 музеи. Арапската колекција ја сочинуваат 600 дела.

 

Дефиницијата за првиот музеј на Блискиот Исток е универзална, Абу Даби Лувр ќе ги испита сите аспекти на човештвото преку своите различни култури и цивилизации од праисториски до современи времиња.

 

Авиокомпанијата „Етихад Ервејз“ сними спектакуларни фотографии и кус филм во режија на домашниот режисер Ахмед Абдулкадер. Освен тоа, два посебно опремени хеликоптери летаа над Абу Даби за да го снимаат авионот додека лета над музејот, кој се наоѓа во културниот дистрикт Садијат.

 

 

Изградбата на музејот траела 8 години. На свеченото пуштање во употреба присуствуваа францускиот претседател Емануел Макрон и лидерот на Обединетите Арапски Емирати, Мухамед бин Зајед.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи