Програма за одговорна социјална поддршка на Роми и други маргинализирани групи во Општина Кичево

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Со оваа програма се уредуваат административните работи и постапката за одработување на неплатени сметки за електрична енергија и комунални услуги на Роми и други маргинализирани групи од општина Кичево.

Програмата е специфично дизајнирана за да воведе нов пристап до правата и одговорности и на целните групи (ромската заедница) и на институциите одговорни за обезбедување на правата на заедницата. Тоа е пристап на кој ќе работи оваа програма преку воспоставување соработка помеѓу институциите и зголемување на нивните капацитети, пристап до различни фондови, вклучително и средства од странски донатори, но исто така и стимулирање на корпоративна општествена одговорност на локалните компании.

Преку развој на пилот програма за одговорна социјална поддршка, ќе се обезбеди одржлив модел на директна поддршка на ромските семејства, особено во поддршка за добивање комунални услуги (плаќање на заостанати сметки за електрична енергија и комунални услуги), а за возврат членовите на ромските семејства ќе спроведат општо корисна работа во јавни претпријатија.

Општина Кичево како општествено одговорна локална самоуправа, формираше социјален фонд преку кој ќе се поддржат овие семејства.

Се очекува и институциите и ромската заедница да ги преземат нивните одговорности и да се поддржуваат едни со други во обезбедувањето подобри услови за живот за заедницата

Пилот програмата се состои од чекори и услови за аплицирање на  загрозени семејства за социјална поддршка во смисла на плаќање на заостанатите сметки за електрична енергија и комунални услуги. Овие услуги ќе бидат дадени на мотивирани ромски семејства кои се подготвени да работат неколку часа во јавните комунални претпријатија.

Дополнително, во програмата вклучени се и општинските работници со што ќе им обезбеди целосна  сопственост на програмата и волја за мотивација за продолжување во понатамошниот период.

Вклучени се и јавните претпријатија за комунални услуги кои ќе обезбедат работа за Ромите со потпишување на договорот и тие се главниот клуч за функционирање на програмата.

 

Фази на програма за одговорна социјална поддршка на Роми и други маргинализирани групи

 

Фаза 1: Формирање на комисија за следење на процесот за одработување на долгови за електрична енергија и комунални услуги

Фаза 2: Објавување на јавен повик за доставување на документи за одработување  на заостанати долгови за електрична енергија и комунални услуги

Фаза 3: Донесување на конечна одлука за вклучување на лица за одработување на долгови за електрична енергија и комунални улсуги

Фаза 4: Индивидуална програма за секое лице за одработување на долгови за електрична енергија и комунални услуги

Фаза 5: Поврзување на лицата со јавните претпријатија и приватни фирми за одработување на долговите за електрична енергија и комунални услуги

Фаза 6: Исплата на долговите

Развивањето на оваа програма е имплементирана од Здружението Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп во рамките на проектот “Пилотирање на програма за одговорна социјална поддршка во Кичево“ финансиран од Сојузна канцеларија за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Автор : Центар за граѓанска иницијатива Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци