Битиќи: Убедени сме дека во Законот за автопати нема ништо што е спротивно од законските одредби

Facebook
Twitter
Email
Print

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Законот за автопати ни дава рамка во која се започнуваат преговорите за да се финализира како ќе изгледа следниот договор за градење на автопатиштата. Тоа ни дава можност да ангажираме соодветни експерти што треба да ни помогнат и да ни дадат рамка и затоа не гледам зошто би требало да почекаме одреден исход кога евентуалното раскинување на меморандумот нема да има негативни импликации, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Тој, во одговор на новинарско прашање по доделувањето на последните 35 договори од ТАВ програмата за инфраструктурни проекти, нагласи дека Уставниот суд ќе постапи според неговата надлежност, но нагласи дека како Влада се убедени дека нема ништо што е спротивно од законските одредби.

„Жалам што во државата сме дојдени во период кога за секоја добра инцијатива имаме премногу претпоставки. Претпоставката е дека исходот ќе биде лош  и дека станува збор за уште еден лош договор со кој ќе ни се случи нешто што не сакаме. Токму затоа го предложивме тој пристап за еднаш за секогаш решавање на битните инфраструктурни зафати во државата кои се предуслов за добар и солиден економски развој. Ќе почекаме и нема да направиме ништо ако е во спротивност со законските одредби, но во овој момент не сметаме дека имаме законска пречка да продолжат екипите да зборуваат за изнаоѓање конечно решение за тоа што сме го започнале. Законот ни овозможува да го почнеме процесот на преговарање со сите засегнати страни  со вклучување на соодветна експертиза и со креирање на соодветни механизми“, вели Битиќи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира