Поскапуваат горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите, повисоки цени на бензините и дизелот. Од ноќеска цените на нафтените деривати се зголемуваат, за 2 односно 3,5 денари.

Според новите цени безнините поскапуваат за 2 денари, па така Еуросупер 95 ќе кошта 73 денари по литар, додека Еуросупер 98 ќе кошта 75 денари по литар.

Дизелот поскапува за 3.5 денари и со тоа новата малопродажна цена на Еуродизелот изнесува 63.5 денари по литар.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира