Гигантската панда Хуан Хуан, што значи „Среќна“ на кинески е позајмена во Франција и родила младенчиња близнаци во понеделникот, соопштува зоолошката градина „Бовел“.
„Двете бебиња се розеви. Тие се совршено здрави. Изгледаат доволно големи и се прекрасни“, вели Родолф Делорд, претседател на Зоолошката градина „Бовел“.
Репродукцијата на панди, во заробеништво или во дивината, е многу тешко.
Хуан Хуан и нејзиниот партнер Јуан Зи ги воодушевиле службениците во зоолошката градина во март кога успеале да остварат „контакт“ 8 пати за време на викендот. Ветеринарите направиле и вештачко оплодување, само за да бидат сигурни.
Првото младенче на Хуан Хуан, Јуан Менг, сега тежи повеќе од 100 килограми и треба да биде испратено оваа година во Кина, каде што се проценува дека има 1.800 џиновски панди кои живеат во дивината и уште 500 во заробеништво.
Новороденчињата на Хуан Хуан нема да бидат именувани 100 дена, а Пенг Лијуан – сопругата на кинескиот претседател Ши Џинпинг – треба да избере како ќе се викаат, соопшти зоолошката градина.