Груби: Не сме зборувале за разрешување на првите луѓе на ЦУК, со пожарите се соочивме одговорно


Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска истакна дека не е разговарано за разрешување на првите луѓе на ЦУК, затоа што сметаат дека со сите околности околу пожарите се соочиле одговорно.

„Сметаме дека со сите околности се соочивме доста одговорно, и за среќа немаме ниту една жртва, за разлика од земјите во регионот. Секако дека секогаш може многу подобро. Не сме зборувале за разрешување, но не сакам да прејудицирам, затоа што имаме сега седница на Влада и секако дека ќе се дебатира во однос на ова прашање“, рече Груби на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека останува забраната за движење во шумите, и испрати апел до граѓаните да бидат многу внимателни во следниот период.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи