На 6 август 2021, петок од 20.00 ч. пред платото на ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи Концерт на унгарски танци, во рамки на меѓународната соработка на Центарот.
Ќе настапат оркестарот Духај и фолклорната група Талентум.
Концертот е во соработка со Здружението на Унгарците во Македонија Теледом, Амбасадата на Унгарија во земјава и Националниот Совет на Унгарците.
Оркестарот Духај е составен од талентирани музичари и е дел од меѓународниот проект Colourful Cooperation, кој се финансира од ИПА програмата.
Оркестарот негува автентична фолк музика и учествувал на бројни концерти, фестивали и е дел од танцови продукции. На натпревари се претставува со темаски претстави. На концертот во петок ќе настапи со фолклорната група Талентум.
Проектот Colourful Cooperation е динамична соработка меѓу населението од Унгарија и Србија во пограничниот дел, преку кои се пренесува културната разновидност на еден од најинтересните региони во Европа, каде заедно живеа многу нации, чувајќи ја својата традиција и култура.