Отворени телефонски линии за прва психолошка помош при пожари

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Црвениот крст на Република Македонија ги повикува сите граѓани кои имаат потреба од прва психолошка помош да се обратат на отворените СОС телефонски линии.

Секое лице кое се чувствува загрозено и вознемирено поради настанатите пожари може да се обрати, постави прашања и добие одговори и совети за успешно справување со ситуацијата која ја загрозува благосостојбата и создава чувство на лична и колективна загрозена безбедност, стои во фејсбук-статусот на организацијата од каде потсетуваат за можноста да се користат отворените телефонски линии на кои има соодветна прва психолошка поддршка од обучени волонтери.

Отворените телефонскии линии се поделени на региони а се однесуваат на сите општини и населени места кои припаѓаат на наведените региони:

Скопски Регион – 071/367-909, 071/367-981 и 071/379-119

Пелагониски Регион – (Битола, Демир Хисар, Крушево, Прилеп, Ресен)

047/236-019 и 070/791-770

Југозападен и Полошки Регион – (Гостивар, Тетово, Дебар, Кичево, Струга,Охрид)

072/239-051 и 072/239-077

Источен, Североисточен и Југоисточен Регион (Штип, Кочани, Берово, Виница, Делчево, Пробиштип, Кратово, Куманово, Крива Паланка, Струмица, Гевгелија, Валандово, Радовиш)

071/426-660 и 071/426-633

Вардарски Регион (Велес, Неготино, Свети Николе, Градско, Чашка, Кавадарци, Лозово, Росоман, Демир Капија) 075/294-036, 071/274-229 и 043/231537.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира