Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) наскоро ќе соопшти дали ќе бидат повлечени од македонскиот пазар сладоледите „Сникерс“ и „Твикс“ на производителот „Дукатос“.
Овие сладоледи веќе не може да се купат во Црна Гора, БиХ и Србија, по сомнежот дека во нив има остатоци од пестицидот етилен оксид.
„Како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија, во вторникот попладне добивме нотификација за увезени небезбедни кондиторски производи кои во својот состав содржат адитив со наод на етилен оксид. Станува збор за адитивот locust bean gum“, велат од АХВ.
Согласно воспоставената процедура за постапување по добиената нотификација, инспекциските служби на АХВ вршат контрола кај двајца увозници.
129