Утрово се прошири веста дека од австриските пожарникари е украдена моторна пила. Првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов ги отфрли овие информации.
„Тоа е вулгаризирање. Прочитав на Фејсбук дека недостасувала една моторна пила.Таа може да е било каде зафрлена и изгубена. Не заборавајте дека се работеше за пожар, гореше оган на сите страни и не сакам ни да помислам дека некој украл моторна пила, која има вредност стотина евра“, рече Ангелов.