Четврт ковид-бран: За една недела 2180 новозаболени, активни над 3000 случаи

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Пред седум дена во Македонија имаше помалку од 1.000 активни случаи на Ковид-19. Според статистиката на Министерството за здравство од 5. август, во Македонија имало 955 активни случаи.

Со зголемувањето на новозаболените заклучно со вчерашната статистика, во земјава има 3.135 активни случаи, што за една седмица е зголемување од 2.180 новозаболени.

Активни случаи по градови:

Скопје 1053;

Тетово 755,

Гостивар 370;

Куманово 193;

Кичево 161;

Струмица 88;

Битола 75;

Дебар 71;

Охрид и Струга 67.

Во другите градови се под 50 заразени, а Богданци, Крушево, Демир Хисар, Кратово, Дојран и Неготино сè уште се без позитивен случај.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 159.269 на оздравени пациенти е 150.613, на починати 5.521.

Здравствените власти во земјава континуирано апелираат на масовна вакцинација. Во државата вкупно се аплицирани 998.876 дози вакцини, а ревакцинирани се 446.613 граѓани.

Со последните мерки за заштита и превенција од Ковид-19 кои Владата ги донесе се забранува секаков тип на настани и работа на угостителски објекти на затворено од 16 август и задолжителна потврда за вакцинација, најмалку со прва доза, при влез на настан или објект со повеќе од 30 присутни на отворено од 15 август.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми