Невработеноста и социјалната инклузија претставуваат сериозен предизвик со кои се соочува државата во континуитет, a посебно маргинализираните млади лица. Дополнително, Македонија се соочува со една од највисоките стапки на невработеност во Европа. Пандемијата предизвикана од КОВИД-19 дополнително придонесе кон зголемување на стапката на невработеност во изминатиот период, која што според последните податоци, од прво тромесечје од 2021 година, вкупниот број на невработени млади на возраст од 15 – 29 години е 54 263, со што стапката на невработеност кај младите е 28,8 % .1
Производ на оваа состојба е и фактот што младите (15-29 години) се соочуваат со низа проблеми за влез на пазарот на трудот како што се: несоодветност на стекнатите знаења и вештини во формалниот образовен процес со реалните потреби на пазарот на трудот, долгиот просечен период за премин на младите лица од училиште на работа (2,5 години)2 ,како и недоволниот и квалитетен број на слободни работни места. Уште поголем проблем претставува големиот број (повеќе од 130.000) на млади NEET кои не се во образовен процес, не се вработени, ниту се во процес на обуки3 .
Во новонастанатата ситуација младинските граѓански организации од самиот почеток беа во првите борбени линии и гласот на младите во општеството. За нас како организација, тоа беше исто така период на предизвици, промени, планирања и раст. Во текот на целиот процес Коалиција на младински организации СЕГА остана посветена кон креирање на решенија и брза адаптација на новите промени и актуелни трендови.
Оваа година фокусот на СЕГА е ставен кон подобрување на активните мерки за младинско вработување во форма на препораки кои се релевантни на барањата и потребите на младите, кои имаат за цел подобрување на квалитетот на постојните политики и мерки кои се спроведуваат за вработување на младите, а се во насока на нивна ефективност во услови на пандемија.
Во таа насока, по повод 12 август, Меѓународниот ден на младите Коалиција СЕГА го промовирашеПозицискиот Документ за младинско вработување кој што содржи препораки за подобрување на политиките за справување со младинската невработеност, кои што во изминатиот период беа заеднички дизајнирани од страна на младите, граѓанските организации и донесувачите на одлуки.
Во согласност со позицијата утврдена со овој документ, Коалиција на младински организации СЕГА ги повикува надлежните институции во полето на младинско вработување да ги вградат препораките на младите и граѓанските организации во насока на максимално искористување на постоечкиот младински потенцијал преку зголемување на обемот на мерки кои се поатрактивни за младите луѓе и да ги вклучат младинските организации при дизајнирањето на политики за вработување, а особено при програмирањето на новиот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година.
Меѓу другото, некои од препораките кои младите сметаат дека треба сериозно да се земат предвид при идните процеси на креирање на идните политики за младинско вработување, се следните:
- Значително зголемување на соработката и системската комуникација на Министерство за образование и наука со бизнис заедницата и стопански комори во насока на креирање програми кои ќе овозможат стекнување на практични работни вештини кај младите!
- Поголема отвореност и достапност на институциите за социјално ранливите категории и НЕЕТ млади преку меѓу-секторска соработка во делот на размена на информации на пазарот на трудот!
- Да се зголеми улогата на младинските организации при дизајнирање и спроведување на Гаранцијата за млади како и во процесот на оценување на ефектите од истата!
- Поставување на стандарди за квалитет на спроведувањето на Гаранција за млади!
- Младинските центри, во согласност со Законот за младинско учество и младински политики, заедно со граѓанскиот сектор задолжително да воведат програми за вработливост за млади во ризик!
[1]Извор: РезултатиодАнкетатазаработнасила од Завод за статистика на РСМ
[2]Извор: Студија на Меѓународната организација на трудот “Премин на младите лица од училиште на работа
[3]Извор: Студија на Меѓународната организација на трудот “Премин на младите лица од училиште на работа