Пунктовите за вакцинација во сите здравствени установи низ државата ќе работат во текот на утрешниот ден, соопшти Министерството за здравство.
Во државата вкупно се аплицирани 1.033.584 дози вакцини, а ревакцинирани се 462.192 граѓани.
Со последните бројки 67% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 64% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 60% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 50% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктови низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.