За хотелските гости нема да треба доказ за вакцинација

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Хотелите остануваат да работат со полн капацитет и по 16 август, само со служење пансион, во затворен простор, без потврда за имунизација од ковид – 19. Ова за МИА го потврди претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ Крсте Блажески.

„Беше прифатено нашето барање, направени се измени и потврда за вакцинација нема да требаат за служење пансион и за над 30 гости од хотелот. Ќе пробаме во најдобар ред да ги почитуваме времените мерки и што побрзо да излеземе од овие лоши времиња“, рече Блажески.

Блажески наглaси дека и натаму ќе останат да ги почитуваат протоколите со постојано дезинфекција, задолжително растојание во рестораните и не повеќе од четири лица на една маса.

„Затекнати сме, 16 август е на две недели од крајот на сезоната. Ваквите мерки влијаат психички кај гостите, некои ги откажуваат аранжманите, други пак што планирале да користат летен одмор во некое туристичко место во земјава сега се во недоумица“, додаде Блажески.

Смета дека требало порано да се реагира во однос на организирањето поголеми собири, како што беа многубројните забави изминатиот период.

„За поголеми собири требаше да се размисли малку порано. Ефектот е пренесен повеќе на млади лица, овој пат затоа што тие повеќе се групираа на забави. Повозрасните многу повеќе внимаваат, дури и на свадбите го нема поздравувањето со гушкање. И свадбите со внимавање не се толкава опасност, ако се почитуваат протоколите“, рече Блажески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира