Нашата држава следејќи ги европските политики за рурален развој како позначајна компонента од Заедничката Земјоделска политика на Европската Унија започна со воведување на ЛИДЕР програмата. Пред повеќе од 10 години со поддршка на УСАИД и Швајцарската Амбасада без создадени првите локални акциони групи согласно ЛИДЕР програмата. Една од првите локални акциони во нашата држава е Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР фокусирана на промовирање на одржлив развој во руралните средини на општините Долнени, Крушево и Кривогаштани.
Кратенката ЛИДЕР (оригинално LEADER) во превод значи “Врски помеѓу активностите за рурален развој”. Како што навестува и самото име, тоа е пред се метод на мобилизирање и остварување на руралниот развој во локалните рурални средини, преку градење на партнерство помеѓу јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор. Водејќи се по принципите на ЕУ ЛИДЕР пристапот, ЛАГ АГРО ЛИДЕР создаде една мала, хомогена, социјално кохезивна територија, која ја карактеризираат заеднички локални традиции, локален идентитет, чувство на припаѓање и заеднички потреби и очекувања, на која со заедничко делување на локалните актери од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор преку “bottom up” принципот креираа стратегија за локален развој предводен од заедницата која опфаќа заеднички проекти и мулти-секторски активности со цел да остварат синергија, здружена сопственост, како и критична маса неопходна за подобрување на животот во рураните средини на територијата на ЛАГ АГРО ЛИДЕР.
ЕУ ЛИДЕР пристапот како уникатен пристап во организацијата е доказ дека различни социо-економски сектори може преку добро избалансиран начин на застапеност на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор, како и во носењето на одлуки така и во спроведувањето на активности да доведе до заедничко здружување и акции за интеграција на заштита на околината, диверзификација на руралната економија и подобрување на квалитетот на руралното живеење.
Од 2014 години ЛАГ АГРО ЛИДЕР активно делува на својата територија со посебен фокус на економските и социјалните прашања, како и грижата за животната средина. Во својата досегашна работа спроведени се повеќе од 40 проекти, воспоставени се интернационални проектни партнерства со над 30 земји од Регионот, Европа и светот, започната е соработка со национални и интернационални организации и институции кои со својата поддршка овозможија ЛАГ АГРО ЛИДЕР да биде препознатлив актер во нашето општество.
Без поддршка од националните институции, континуирано во дијалог со креаторите на политики за започнување на ЛИДЕР мерката во рамките на ИПАРД програмата и обезбдување на поддршка за Локалните Акциони Групи во нашата држава, благодарение на интернационалните донатори кои ја препознаат важноста од оформување на локално партнерство и спроведување на локална развојна стратегија, ЛАГ АГРО ЛИДЕР опстојува, постојано надоградувајќи ги своите потенцијали.
Ентузијазмот и желбата да се даде придонес за локалната заедница преку локални иницијативи и проекти во текот на досегашното постоење забележаа значајни резултати и достигнувања што го промовираат ЛАГ АГРО ЛИДЕР како двигател на промени во руралните средини.