Протести против новите анти ковид-мерки најавени за Скопје и Охрид.
На социјалните мрежи се шири објава каде се повикуваат жителите на Скопје и Охрид да излезат во 19 часот во недела, пред Собранието и пред градскиот плоштад, соодветно.
Во Скопје, протестот е најавен пред неколку дена.
Организаторите имаат направено и покана преку социјалната мрежа „Фејсбук“, а мерките ги нарекуваат фашистички.
„Никој не може да не присили да се вакцинараме. Тоа е вршење мобинг и кршење на човековите права. Да излеземе на протест за да ги укиниме НАСИЛНИЧКОТО ВАКЦИНИРАЊЕ ОД СТРАНА НА ВЛАДАТА. Време е да се свестиме и да кажеме стоп за насилството и унуштувањето на човештвото и диктатурата кон народот“, стои во описот на групата ПРОТЕСТ И СТОП ЗА ПРИСИЛНА ВАКЦИНАЦИЈА, ВАКЦИНАТА ТРЕБА ДА Е ДОБРОВОЛНА.