Во црногорското етно-село „Монтенегро“, оддалечено 34 километри од Никшиќ, и оваа година се организира натпревар во лежење „Мрзлива Олимпијада“.
Според организаторите, овој јубилеен, десетти по ред, натпревар ќе се одржи денеска.
Првата награда изнесува 300 евра.
Правилата се: Уживање, спиење, читање книги, јадење, пиење, се е дозволено освен станување, се наведува во известувањето објавено на Фејсбук.
„Олимпијците“ треба да го соборат рекордот поставен на минатогодишното натпреварување, кое изнесуваше 48,5 часа лежење.