Заев: Колку повеќе ни се заштитени возрасните дома, толку послободни ни се дечињата на училиште

Facebook
Twitter
Email
Print

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Училиштата и наставниот кадар интензивно се подготвуваат, а Владата заедно со МОН ги вложува сите напори во обезбедувањето здравствено безбедни средини за учениците. Затоа и ја стимулираме вакцинацијата, бидејќи колку повеќе ни се заштитени возрасните дома, толку послободни ни се дечињата на училиште, објави премиерот Зоран Заев.

Според него, пандемиската година беше тешка за сите, особено за учениците кои не можеа да се социјализираат и дружат со своите врсници во школо, но и за наставниците и родителите кои ги водеа низ процес на онлајн настава.

„Честитам на сите за досегашните вложени напори за децата да не изгубат од наставата, заеднички успешно се изборивме со психолошко-социјалните предизвици.Затоа оваа учебна година, имајќи постојан прилив на вакцини и значаен процент на вакцинирано население и наставен кадар, како и строги протоколи за заштита на дечињата, го враќаме физичкото присуство во училиштата. Ги враќаме насмевките и дружбата кај учениците. Упатувам уште еден апел до сите возрасни и родители на деца над 12 години, да се вакцинираат што поскоро и сите заедно да придонесеме за ваквото враќање во нормала, кое е најзначајно за децата во развој“, потенцира Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци