Пукање во центарот на Прилеп


На 27.08.2021 во периодот од 03.20 до 03.40 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода М.С.(31) ,В.Г.(30)  и Б.Б.(24), сите од  Прилеп, затоа што претходно на бул.„Гоце Делчев“, по кратка расправија, физички го нападнале В.Н.(28) од Прилеп, а еден од нив му се заканил со пиштол, по што испукал неколку куршуми во воздух и во земја. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира