Со училиштен прибор и бонтон за успешен почеток на првачињата


Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски со доделување на училиштен прибор и бонтон за деца донирани од Халкбанка во рамки на проектот „Среќно прваче“ посака успешен почеток на првачињата на новата учебна година.

„Драго ми е што наставата со физичко присуство се рестартира и што учениците ќе учат од училишните клупи кои беа празни минатата година. Со почитување на сите протоколи ќе бидат обезбедени услови со високо ниво на здравствена безбедност за да се оневозможи инфицирање и ширење на коронавирусот. Се заблагодарувам на Халкбанка за донацијата на овие пакети со училиштен прибор за топло добредојде на новите ученици“, порача градоначалникот Христоски.

Овој проект кој ги вклучува пакетите со прибор и бонтон се спроведува во 12 општина, меѓу кои и општина Крушево, а бонтонот, подготвен од Центарот за визуелна комуникација Ефектива во рамки на проектот „Среќно прваче“, ќе овозможи основни информации преку креативни илустрации за учениците за полесен почеток на учебната година во нивниот втор дом.

„Поддршката на едукацијата на децата на училишна и предучилишна возраст е високо на листата приоритети на нашата политика за општествена одговорност. Токму затоа без двоумење се вклучивме во овој проект и искрено веруваме дека илустрираниот бонтон ќе им помогне на првачињата полесно да ги научат и да ги почитуваат правилата за однесување во училиште“, вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк АД Скопје.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи